Home Спорт Нејмар би можел кариерата да ја заврши во ПСЖ

Нејмар би можел кариерата да ја заврши во ПСЖ

Претседателот на шпанската Примера, Хавиер Тебас верува дека Нејмар ќе ја заврши кариерата во ПСЖ доколку не ги намали своите финансиски барања, пишува Спортски.мк.

Тебас ја даде оваа изјава како одговор за причините зашто не успеа трансферот во Барселона ова лето.

Нејмар во текот на летото сакаше да се врати во Барселона, за него беа заинтересирани и Реал Мадрид и Јувентус, но Бразилецот на крајот остана во ПСЖ.

„Ако се гледаат финансиските причини, Нејмар кариерата ќе ја заврши во ПСЖ, освен доколку не ја намали својата плата и побарувањата од клубот“, истакна Тебас.

„Проблем со пропаднатото враќање во Барселона има врска со неговото заминување во ПСЖ. Тоа би бил трансфер надвор од пазарот и единствено би бил возможен со „замки“ со цел да се зголемат спонзорствата. Кога тоа ќе го направиш надвор од пазарот, невозможно е повторно да го продадете за оваа цена“, заклучи Тебас.

Извор: Спортски.мк

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…