Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Млад индо-пацифички добар делфин очигледно ги прецени своите можности обидувајќи се да проголта цел морски октопод.
Австралиските научници прв пат во историјата снимија борба на живот и смрт помеѓу делфин и голем октопод. Октоподот успеа да го задуши делфинот кој се обиде да го изеде, очигледно потценувајќи го како непријател.
Такви случаи во природата веројатно има многу, но овој е прв во кој експертите најдоа јасни докази за тоа што се случило. Делфинот беше пронајден мртов со пипките од октоподот кои уште излегуваа од неговата глава.
Октоподите се високо на менито од делфините, бидејќи нивното месо е исклучително хранливо, а се релативно лесен плен. Меѓутоа, искусните делфини обично настојуваат најпрвин да ги уморат октоподите и да ги распарчат пред да ги проголтаат на мали делови. Најчесто ги фрлаат во воздух за при падот, со ударот на површината од морето, да го намалат нивниот отпор.
Несреќните и паметни октоподи, притоа, со пипалата се обидуваат да се фатат за нивната глава, но главно тие обиди завршуваат без успех. Во оваа стратегија делфините, исто така, настојуваат најпрвин да ја изедат главата од октоподот, за да го онеспособат делувањето на проблематичните пипала.
Меѓутоа, бидејќи голем дел од нервниот систем на октоподите е сместен во меѓусебно независните и самостојни пипала, тие остануваат активни уште околу еден час, па се фаќаат за околните објекти.
Обдукцијата на делфинот, презентирана во списаниеот Marine Mammal Science, покажува дека два килограми тешкиот октопод, со краци со распон од 1,3 метри, го фатил за гркланот младиот делфин наречен Гилиган, и го онеспособил неговиот „епиглотис“, и со цврстиот фат го задушил делфинот.
„Теоретски, октоподот можеби веќе бил мртов, но пипалата уште биле функционални“, изјави Нахид Стефенс, патолог на Универзитетот Мардок во Перт.