Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Актерката Елиза Душку го доби судскиот спор и треба да биде обештетена со сума во висина од 9,5 милиони долари од продуцентската куќа CBS поради невкусните и безобразни шеги кои нејзиниот познат колега ги правел на нејзина сметка.
Ѕвездата на серијата „Bull”, Мајкл Ведерли на својата колешка , која ја добила улогата на негова партнерка , иако не му се допаѓала, скапо ги плати шегите. Тој , откако разбрал дека Елиза му е доделена како постојана партнерка, почнал да и кажува шеги за силување, коментари за секс во тројка и критики за нејзиниот изглед и тоа пред целата екипа.
Актерката се побунила и веднаш добила отказ.Но, таа не застанала тука. Разговарала со неколку од главните луѓе во продуцентската куќа CBS, кои на крајот морале да и исплатат 9,5 милиони долари , колку што би изнесувала нејзината плата за четири сезони од серијата.
Американските медиуми дошле до овој случај, додека траел друг поврзан со оваа продуцентска куќа. Ведерли јконечно морал и јавно да и се извини на колешката Душку.
Таа не смее да дава никакви изјави поврзани со овој случај , зашто тоа е една од клаузулите потпишани пред исплатата на сумата.