Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Синот на неодамна починатата милијардерка и еден од култните женски ликови од западниот шоубизнис, Глорија Вандербилт, познатиот водител и новинар на CNN, Купер Андерсон, нема да наследи ниту долар од милијардите на неговата мајка.
Андерсон вели дека воопшто не му пречи зашто родителите уште како мал му рекле дека нема да му остават никакво наследство.
„Мислам дека родителите сакаа да ми кажат дека растев со големи привилегии и што можев да одам на колеџ без студентски кредити , но ми ставија до знаење дека до мене е да си зарабоитувам за живот”, рече Купер, кој во понеделникот објави дека неговата мајка почина на 95-годишна возраст.
„Секогаш почитував што моите родители така постапуваа. Гледав луѓе кои наследуваа пари, а не постигнаа многу самите. Парите ги сменија. Секогаш мислев дека мора сам да се погрижам за себеси и мило ми е за тоа.”