Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во реакција од Владата за агенцијата МИА се потенцира дека не постои никаква иницијатива за размена на споменици меѓу Северна Македонија и Грција.
Оваа реакција следува по објавените шпекулации во грчките медиуми дека министерката за култура на Грција предложила споменикот „Воин на коњ“ да замине за Атина, а атинскиот „Тркач“ да пристигне во Скопје.
„Преспанскиот договор е потпишан со цел да се унапреди соработката помеѓу двете земји што ќе придонесе и во економски развој на регионот. Ние сме фокусирани на имплементацијата на Преспанскиот договор. Според Договорот, во наредниот период сите споменици кои припаѓаат на хеленската историја ќе бидат означени како такви. Во моментов не постои друга иницијатива во Владата на Република Северна Македонија“, стои во реакцијата од Владата.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, според тврдењата на скулпторот и автор на споменикот „Тркаќ“, Костас Вароцос за грчките медиуми, идејата споменикот „Воин на коњ“ да замине за Атина, а атинскиот „Тркач“ да пристигне во Скопје била на министерката за култура на Грција, која му била пренесена на средба во Министерството за култура во петокот.
Веста од синоќа е една од главните теми во медиумите во Грција, а министерката за култура, Мирсини Зорба, категорично демантира дека постоел разговор за размена на споменици.