Нега на косата во есен: Кога опаѓањето треба да ве загрижи?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Опаѓањето на косата е главен проблем кој во есен ги мачи повеќето жени. Поради тоа, не треба да ве чуди што токму сувата коса, испуканите врвови, промената на бојата и сувото теме се најчести проблеми на кои после летото жените се жалаат кај нивните фризерки и фризери. Но, да потенцираме дека имуни на оваа појава и влијанија не се ни мажите.

Експертите за коса велат дека есенското опаѓање на косата не треба да биде причина за загриженост. Но, притоа напоменуваат дека истото не треба да трае повеќе од три месеци. Грижата треба да се појави ако опаѓањето интензивно продолжи и по тој тримесечен период. Според нив, губењето на 100 влакна во денот во есенскиот период е нормална појава.

Главни виновници за тоа се ниската влажност на воздухот надвор и загреаниот воздух во затворените простории.

Со доаѓањето на ладните денови, се зголемува дополнителната опасност од оштетување на косата. Во тие периоди косата станува изложена на негативното влијание на сувиот воздух во затворените простории кои се загреваат. Почнуваат да се носат капи, шалови, јакни со високи јаки кои косата постојано ја прават наелектризирана и склона на пукање.

За да се избегнат негативните појави на овие влијанија и услови, при миење на косата треба да се користат шампони и маски кои длабински ќе ја хидрираат косата и ќе ја заштитат од надворешните влијанија. Освен тоа, можат да се користат и разни масла за коса како арганово, бадемово, кокосово, со цел да се намали електризирањето на косата и да се спречи пукањето на истата.

Но, прв чекор во здравиот третман и нега на косата е исхраната, особено редовното внесување на доволно количество на протеини и железо.