Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Охридскиот бизнисмен Нефи Усеини, освен што е познат по дивоградбите кои ги гради низ Охрид и по тендерите што ги добива неговата фирма во локалните јавни претпријатија, иако е советник од ДУИ во општинскиот Совет, познат е и по неговите физички и вербални напади на граѓани.
Фирмата Нефи ИК, каде Нефи Усеини е сопственик, а неговата сопруга, управител, од последните избори до денес има добиено три тендери со охридските јавни претпијатија, пренесува Телма.
Според Нефи Усеини нема судир на интереси затоа што вели управител на фирмата е неговата сопруга, а тој како советник не носи одлуки за тендерите. Сепак во кусиот телефонски разговор со новинарката од Телма не можеше да го сокрие својот насилен карактер.
„Не е фирмата на мое име, нема судир на интереси со тендерите, јас не ги гласам тие тендери. Е.. си мајката, п… ти м….. Немој повеќе да ми звониш, што ти треба да си барате во Општина. Ова да ти е последно што ѕвониш“ – изјави Усеини во телефонскиот разговор за Телма.
Нефи Усеини е познат по своите физички пресметки со охриѓани, а Судот неодамна го ослободи од обвинение за напад на едно лице насреде Охрид, со образложение дека не може да се докаже вината.
Охридското обвинителство води постапка и за две дивоградби на бизнисменот Нефи Усеини.