Недостатокот на микрочипови ќе ја тресе автомобилската индустрија и во 2023 година


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Американски автомобилски гиганти и водечки компании од овој сектор, „Форд мотор“ и „Џенерал моторс“, сметаат дека недостигот на микрочипови може да продолжи и во 2023 година.

Според финансискиот директор на „Форд“, Џон Лолер, иако компанијата очекува „намалување на обемот и сериозноста на проблемот“, недостигот на полупроводници ќе се чувствува во текот на 2022., па дури и во 2023 година. Извршниот директор на „Џенерал моторс“, Мери Бара посочува дека дури и ако сериозноста на глобалниот недостиг на микрочипови се намали годинава, „нестабилноста во оваа област ќе продолжи“. Поради недостигот на полупроводници, продажбата и приходите на двете компании се намалени во третото тримесечје од оваа година.

Ова се должи и на недоволниот број продажби на автомобили и камиони. Бара рече дека компанијата „продава сè што може и се надева дека ќе им понуди повеќе на потрошувачите“. Претходно, европските производители на автомобили изјавија дека е неопходно што побрзо да се изградат фабрики за чипови во Европа за да се стави крај на зависноста од испораките од Азија.

Продажбата на автомобили во Европа падна за 23 отсто во септември, на најниско ниво по 1995 година, делумно поради неможноста на автопроизводителите да ја задоволат побарувачката, но главно поради недостигот на полупроводници. Според Европската асоцијација на производители на автомобили, актуелната криза покажува „колку е ранлив синџирот на снабдување со полупроводници и колку е неопходно да се минимизира зависноста од овие витални компоненти“ од странските пазари, особено од Азија.