Неделен престој во оваа „колиба“ чини 45.000 долари – ѕирнете зошто

A 1005013

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Веќе втора година по ред, оваа луксузна колиба е прогласена за најдобра скијачка колиба на светот. Шале лес Анж (Chalet Les Anges) е лоцирана во Цермат, луксузното скијачко гратче во Швајцарија, недалеку од границата со Италија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Oxford Ski Company (@oxfordski) on

The World Ski Awards секоја година ги бира најдобрите меѓу популарните скијачки дестинации во 25-те најпопуларни земји за скијање на свтот. Втора година по ред Шале лес Анж ја освојува престижната титула за најдобар сместувачки капацитет, откако шест години по ред тоа престижно признание го држеше Бигхорн Ревелсток (Bighorn Revelstoke).

Иако почетната цена за изнајување на оваа седумсобна колиба за една недела чини 45.000 долари, таа речиси никогаш не е слободна и празна, пренесува Business Insider.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LUXESTAY (@luxestay) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Firefly-Collection (@fireflycollection) on

Како што вели Џоан Хили, раководителка за продажба и маркетинг за Elysian Collection, најчесто е посетена за време на божиќните празници, Нова година, Велигден и за време на школските празници, а во неа во исто време можат да се сместат максимум 14 лица.

„Овде сезоната никогаш не е престаната“, истакнува таа и додава дека колибата во лето често се изнајмува за венчавки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WHITEOUT l Yoshinori Maeda (@whiteoutworks) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elysian Collection (@elysian.collection) on

Од неа се пружа поглед на Матерхорн, еден од највеличенствените врвови на швајцарските Алпи, а од седумте луксузно опремени соби дури шест имаат излез со балкони од кои непречено може да се ужива во импресивната убавина на Алпите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marc Elias (@marcelias) on

Колибата, исто така, има голема тераса од која се отвора поглед кон селото, внатрешен лифт, базен, соба за масажа. Ако престојувате во неа, освен што ќе имате пристап до отворениот бар, вечера ќе ви приготвуваат професионални готвачи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stephanie Alvarez (@stephanie_alv2) on

Таму можете да скијате 365 дена во годината, а достапни се и многу други активности на снег, како санкање, скијање со влечење од хеликоптер, лизгање на мраз и параглајдинг.