„Неа Демократија“ бара да се објави писмото со оставката од Коѕијас


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Опозициската грчка партија „Неа Демократија“ уште еднаш апелираше дека писмото со оставката на поранешниот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас мора јавно да се објави за да го видат сите граѓани.

„Ако премиерот Ципрас се плаши, тогаш Коѕијас има обврска тоа да го направи, ама писмото мора јавно да се објави“, пишува во соопштението, пренесува Макфакс.

Претходно Панос Каменос, грчкиот министер за одбрана и лидер на десничарската партија Независни Грци, кој е малцински партнер во владата на Ципрас, порача дека не треба да се очекува пад на актуелната влада во Атина.

Тој рече дека изборите во Грција ќе бидат одржани или во октомври или на крајот на четиригодишниот мандат на владата, или пак во мај следната година.

Каменос нагласи дека до март, односно тогаш кога преспанскиот договор ќе се најде во грчкиот парламент, по ова прашање нема да се расправа со партнерот во владата.