Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Францускиот напаѓачки ас од редовите на кралскиот клуб од Мадрид, Карим Бензема, „си ја почести душата“ со скапоцен примерок на Bugatti Chiron вреден 2,5 милиони евра.
Првиот фудбалер кој е сопственик на овој ѕвер на тркала е големиот Кристиано Роналдо. На Бензема очигледно многу му се допаднал изборот на неговиот екс соиграч и решил да си купи ист автомобил.
Супер луксузниот „ Bugatti Chiron” е произведен во само 500 примероци. Автомобилот изгледа импресивно, само 2,5 секунди достигнува брзина од 100 км на час, а за забрзување од 300 км на час му се потребни 13,5 секунди, наводно неговата максимална брзина која може да ја достигне е 425 км на час.
Бензема инаку е голем колекционер на скапи и луксузни автомобили. Бензема во својата гаража има Lamborghini Aventador, Bugatti Veyron, Mercedes SLR McLaren, Mercedes AMG G 63, Lamborghini Urus, неколку Rolls Royce автомобили и Ferrari 488 Spyder..