Home Вебкафе „Не знаат да се однесуваат, а на родителите не им е гајле“ – ресторан забрани влез за деца

„Не знаат да се однесуваат, а на родителите не им е гајле“ – ресторан забрани влез за деца

Еден ресторан на германскиот туристички остров Реген, во Балтичкото море, забрани влез за деца во вечерните часови.

„Веќе извесно време размислувавме за тоа“, вели Рудолф Маркл, сопственик на ресторанот „Oma’s Küche“ (Бабина кујна) во островскиот град Бинз.

После 17 часот попладне, влезот за гости под 14 години е забранет во ресторанот, бидејќи тие не знаат како да се однесуваат на такво место, а на родителите не им е гајле за тоа.

Сопственикот Рудолф Маркл

„Децата ги малтретираат другите гости од соседните маси, ги влечат чаршафите и ги истураат чашите со вино“, вели Маркл. „А родителите го гледаат тоа со смешкање, продолжуваат да си јадат и ич не им е гајле за таквото однесување на децата“, додава тој.

„Без деца, гостите најпосле ќе ја имаат својата оаза на мирот“, тврди Маркл.

Претседателот на сојузот на хотели и ресторани во германската област Мекленбург-Западно поморје, каде спаѓа и Реген, не е среќен поради таа одлука на ресторанот, но нагласува дека секој угостите има право да си го води својот бизнис како што сака.

„Но, ние во Мекленбург-Западно поморје настојуваме да бидеме пријатели со децата“, вели Ларс Шварц.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ичиго Ичиe – јапонска филозофија што нè учи како да ја пронајдеме среќата во секој момент од животот

ИЧИГО ИЧИЕ – ЈАПОНСКА ФИЛОЗОФИЈА КОЈА НÈ УЧИ КАКО ДА ЈА ПРОНАЈДЕМЕ СРЕЌАТА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ…