Не за џабе ја викаат „The Body“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бившата манекенка и супермодел која доминираше на модните писти, славната Ел Мекферсон, не за џабе го носи прекарот „The Body“. Убавицата и на 54-годишна возраст зрачи со заводливост, неодолива убавина и шарм, поради што делува дека има дваесет години помалку.

Зад себе има сериозна кариера на супермодел, а благодарејќи на тоа и денеска изгледа негувано, младолико и свежо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elle Macpherson (@ellemacphersonofficial) on

Ел открила неколку тајни за својот изглед кои секоја жена би можела да ги примени. Според неа на прво место е сонот. И таа гледа па помине барем седум часа во спиење дневно. Заминува во кревет околу десет часот навечер.

Пред легнување има вечерни часови јога, а преку ден мало дневно сончање. Ел препорачува и било какво движење и активност на свеж воздух.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elle Macpherson (@ellemacphersonofficial) on

Исхраната главно и се состои од свежо овошје и зеленчук, протеини, хумус и тахинија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elle Macpherson (@ellemacphersonofficial) on

Многу жени во нејзините години се сретнуваат со случајот на надуен стомак, а Ел советува шетање низ вода за да се придвижи дигестивниот систем, а со тоа ќе се затегнат и мускулите на телото.