Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Постојат некои специфични работи со кои жените ги одбиваат мажите од себе, а за тоа не се свесни. Откријте дали и вие ги правите се со цел да ги промените на време, ако не сакате засекогаш да останете сами:
Се обидувате да го промените момчето
Многу жени влегуваат во врска очекувајќи дека ќе можат да ги променат сите ситници кои им пречат кај партнерот. Но, всушност тоа им се одбива од глава. Кога мажот е присилен да се откаже од работите кои го прават среќен и го менува карактерот поради жена, може да заклучи дека без неа му е подобро.
Се замарате со безначајни работи
Не се фаќајте за секоја ситница и обидете се да ги регулирате своите емоции. Момците обично се искрени и нивните постапки немаат скриени намери, а со анализа на секоја негова реченица само ќе го излудите и ќе го избркате од себе.
Скокате во креветот после првиот состанок
Иако звучи неверојатно, момците не сакаат секогаш да имаат секс на првиот состанок со жената со која планираат сериозна врска. Ако го одвлечете во кревет по првиот заеднички пијалок, нема да ве гледа како материјал за девојка. Жената која заминува само со бакнеж за добра ноќ, и го остава мажот да чека, ќе биде многу поинтересна.
Не сте верни
Очигледно е зошто нешто вакво би го избркало мажот од вас, но тоа не се однесува на самиот чин на неверство. Ако флертувањето ви е омилено хоби од кое не се откажувате дури и кога сте зафатени, мажот ќе се чувствува несигурно и тешко дека било која ваша врска ќе потрае долго.