Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Славната актерка и режисерка, во интервју на радио BBC, во петокот, на прашањата за политичка кариера од страна на водителот, не отфрли ниту еден можен правец и улога кои би можела да ги заземе во политичките води.
„Искрено, ако ме прашавте пред 20 години, ќе се смеев, навистина не знам“, рече 43-годишната Џоли. „Секогаш велам дека ќе одам таму каде што сум потребна. Не знам дали одговарам за политика, но се шегував и дека ниедна моја тајна не остана скриена. Така што, прилично сум отворена за идеи. Можам да издржам многу, така што тоа е добро.“
„Искрено ќе сторам сѐ што мислам дека навистина може да ги смени работите“, рече Џоли и не се побуни кога водителот на Би-би-си Џастин Веб почна да зборува конкретно за наредните американски претседателски избори.
„30-40 демократи ќе се кандидираат за (претседателската) номинација следниот пат и мислам дека јас тукушто ве ставив некаде на листата“, рече тој.
Џоли, специјален претставник на агенцијата за бегалци на ОН, само се насмеа и му рече: „Ви благодарам.“
Веб додаде, „И не рековте ‘не’“, на што таа пак се насмеа, но не рече ништо повеќе.