Не тврдиме дека „инфарктите се исплашиле од него“, ама – Чак Норис преживеа два такви во еден час


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако поради илјадниците „факти за Чак Норис“ дури и овој наслов некои од прва нема да го сфатат сериозно, вистина е дека „неуништливиот“ доживеал два инфаркта.

Првиот срцев удар го доживеал во хотелска соба во Лас Вегас, по што неговата сопруга повикала брза помош. Вториот удар се случил во болницата.

По лекарската интервенција, актерот се чувствува добро, иако повеќе медиуми наведуваат дека 77-годишниот Норис бил на раб на смртта, но издржал. Тој во Лас Вегас бил на натпревар за боречки вештини.