Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Австрискиот фудбалер Марко Арнаутовиќ вчера беше во центарот на вниманието по навредите упатени кон Алиоски на мечот против Македонија.
Арнаутовиќ го постигна третиот гол за Австрија, а потоа влезе во вербален конфликт со Алиоски. Медиумите открија дека имало навреди на националистичка основа.
Многумина го обвинија Арнаутовиќ и за расизам. Тој денеска се извини за неговиот гест и ги отфрли таквите обвиненија.
„Вчера имаше некои жестоки зборови кажани во емоции на натпреварот за кои би сакал да се извинам, посебно на моите пријатели од Македонија и Албанија. Би сакал да кажам една работа јасно: Не сум расист! Имам пријатели од речиси секоја земја и се залагам за различности. Секој кој ме знае е свесен за тоа. Извинете“, напиша Арнаутовиќ.