Не сте сигурни дали е подобро туширање наутро или навечер? Тоа зависи од карактерот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако имате некој проблем и сакате да го решите креативно, а не може да дојдете до решение, тогаш „пуштете“ си вода на себе.

Нема подобро чувство од утреното туширање кое расонува или вечерното пред одење во кревет. Некогаш го бираме едното, а некогаш другото. Доколку не сте сигурни кое е најдобро време за туширање, научниците велат дека тоа зависи од карактерот и што моментално ви треба.

Шели Карсон, професор професор по психологија на Хардвард тврди дека утреното туширање ја поттикнува креативноста во текот на работната недела. Тоа е најдобро место за ослободување  на кретивни идеи затоа што сме опуштени, но сепак внимателни, вели Карсон.

Топлиот туш се справува со стресот

„Ако имате некој проблем и сакате да го решите креативно, а не може да дојдете до решение, пуштете си вода на себе, а идеите ќе се појават сами“, објаснува Карсон

Кога сме опуштени нашите когнитивни процеси се исто така опуштени, обновуваат и регенерираат, а идеите и решенијата се појавуваат.

Подобро ќе заспиете

Од друга страна, ако не може да заспиете, добро би било да појдете под туш. Карсон вели дека топлиот туш во вечерните часови, ја регулира телесната температура и полесно ќе зспиете. „Она инстантно ладно чувство после туширање е природен индикатор за сон, па може да го убедите телото дека е време за спиење“, објаснува Винт, експерт од Американската академија за спиење.

Исто така со туширање ќе го намалите стресот, а исто така се препорачува да се промени малку рутината, со цел подобар сон.