Не се укинуваат превентивните мерки – полицискиот час и другите рестрикции остануваат на сила


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Комисијата за заразни болести предлага рестриктивните мерки против Ковид-19 и полицискиот час од полноќ до 4 часот наутро да останат на сила и во наредниот период. Со тоа останува на сила и одлуката за работа на летните тераси на угостителските објекти кои се отворени до 23.30 часот.

Предлогот за олабавување на мерките, беше донесен минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба, откако надлежните оценија дека е намален број на новозаразени и на хоспитализирани од Ковид-19. На сила се уште е задолжителното носење маски на отворено.

Според Министерството за здравство, во земјата има 3.636 активни случаи на заболени од Ковид-19, а во болниците се лекуваат 490 ковид пациенти.