Не се темелат сите работи на изгледот: Жените бираат партнер по овој КРИТЕРИУМ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Жените помлади од 40 години поставуваат високи критериуми при пронаоѓањето на партнер „онлајн“, додека момците со годините стануваат пребирливи, покажуваат резултатите од една австралиска студија.

Психолошката студија од Универзитетот за техонологија во Кливленд, на основа на испитување на повеќе од 41.000 корисници на сајт за запознавање, утврди дека постојат значајни разлики помеѓу приоритетите кои ги поставуваат мажите и жените, барајќи сродна душа на интернет.

Испитувајќи ги обата пола во доба од 18 до 80 години, тимот на експерти анализирале во текот на 2016. година повеќе од 250.000 интеракции на корисници на РСВП, најпознатиот австалиски сајт за запознавање.

Предводникот на истражувањето, Др. Стивен Вајт вели дека тој и неговиот дошле до заклучок дека жените помеѓу 18 и 30 години го нагласуваат образованието како еден од најважните критериуми при изборот на партнерот.

Во тие години, како што истакнува Др. Вајт, жените бараат сопатник кој е со исто или повисоко ниво на образование.

„Еволуцијата открива дека жените се многу селективни по прашање на партнерот во многу култури. Се покажа дека го користат образованието како еден од инфикаторите зошто тоа се поврзува со интелегенција и социјален статус, а обата вакви атрибути се пожелни“, објаснува Др. Вајт.

Додека жените до 30 години имаат специфични и конкретни ставки, по прашање на посакуваниот партнер, момците се помалку пребирливи до 40тите , по што стануваат попребирливи од жените, открива оваа студија.

„Претходните истражувања покажаа дека слични или поголеми преференции жените имаат кон образованието на потенцијалниот партнер, но нашата идеја беше на скала од 18 до 80 години да покажеме како овие преференци се менуваат во текот на различните периоди од животниот циклус“, истакнува Др. Вајт.

Оваа студија беше реализирана една година откако Др. Вајт и неговиот тим го спровеле истражувањето од областа на сајберпсихологијата и однесувањето на интернет.

На основа на тоа истражување утврдија дека, покрај разликите во барањето на мажите и жените, при пронаоѓањето на партнер на интернет луѓето стануваат помалку пребирливи, често запоставувајќи ги порано воспоставените критериуми.