Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неколку светски автомобилски гиганти прокрај примарното прозиводство создаваат и други прозиводи.
Ламброгини е дефинитивно најпознат по своите суперавтомобили, но има и некои други производи.
Како и многу други производители на автомобили, „Lamborghini“ има споредни бизниси, па дури и произведува мед. Но медот не е достапен за продажба.
Во 2016 година, „Lamborghini“ постави пчеларник со околу 600.000 пчели во својот парк. Секоја година компанијата произведува по 430 килограми мед. Раководството на компанијата потоа овој мед им ги подарува на своите вработени за Божиќ.
Порше има нешто слично. Германската компанија поседувала пчеларник со 1,5 милиони пчели, а во текот на првата година произвела 400 килограми мед. Целото количество беше распродадено за само неколку дена. Порше тогаш го зголеми бројот на пчели на околу три милиони и денес произведува еден тон мед годишно.
Бентли исто така произведува мед во Велика Британија.
„Rolls-Royce“ исто така се занимава со производство на мед и има околу 300.000 англиски пчели.