Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Да, Nike дефинитивно имаше огромна улога во општествената борба и кампања која ја водеше играчот на американски фудбал Колин Каперник. И направија одлична соработка и одлична реклама со него. Добро, сега, тоа што Nike, спротивно на вредностите и принципите за мотивација кои ги промовира, угнетува и финансиски злоупотребува огромен број работна сила, која им работи за мизерни плати ширум светот (не и во Америка, нормално) – тоа е друга приказна, која ја сфаќаат и разбираат оние кои ја гледаат целата слика.
Сега деновиве им се насрчија на Nike токму заради Каперник. Не станувал човекот на химната (си имал причина), а овие соработувале и снимале реклами со него. Американските десничари не сакаат да го „сварат“ тоа, па палат Nike производи и лупаат на социјални мрежи таква кампања. Така што, испаѓа дека секој си ја тера својата „битка“ и својата кампања.
Сепак, рекламата на Nike со Каперник е мотивирачка и одлична, ќе признаете.