„Не се бориме за опстанок, ниту за Европа, туку за Синиша Михајловиќ“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчите на Болоња повторно се спремни да се борат за Синиша Михајловиќ, пишува Спортски.мк.

Болоња оваа сезона игра добро, посебно беше мотивирана од болеста на тренерот Синиша Михајловиќ, а карактер покажа минатиот викенд кога ја победи Бреша со 4:3, иако губеше со 3:1.

Денеска следува домашниот натпревар против Рома и нова шанса да се покаже вистинското лице и Миха да се чуствува горд.

„Неговата болест не силно подигна и направи силна врска помеѓу нас и тренерот.“ – изјави играчот на Болоња, Никола Сансоне за Скај Спорт Италија.

„Го сакаме тренерот бидејќи е многу искрен и ни се допаѓа таа искреност. Не се бориме за опстанок, ниту за Европа, туку за нашиот господин Михајловиќ. Дефинитивно не беше задоволен од нашето прво полувреме против Бреша, така да тоа мораше да го надокнадиме во вториот дел.“ – порача Сансоне.