Не пропуштајте – на 12 август најасветлиот дожд на метеори!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Метеорскиот дожд Персеиди е можеби најплодоносната појава од ваков карактер, а астрономите сметаат дека ова лето ќе биде најсветлиот дожд на метеори во последните 100 години.

Се предвидува дека Персеидите оваа година ќе имаат вообичаена активност од 50 до 80 метеори на час и најдобро време за набљудување ќе биде ноќта на 12 август од задисонце околу 21:00 до 22:30 кога излегува Месечината. Според нив, во овој период предноста е што Месечината ќе ја нема на небото да ги „сокрие“ побледите метеори.

По изгревање на Месечината ќе може да се набљудува метеорскиот дожд, но нејзиниот сјај ќе пречи во забележувањето на најбледите метеори и се очекува бројот на забележани метеори да опадне околу 20%.

За да можете да се видат што повеќе метеори треба да се биде оддалечен од светлосното загадување на населените места. Персеидите ќе може да се набљудуваат неколку вечери пред и после максимумот, но во значително помал број.

Оваа година, кулминацијата се случува на 12 август во 19:00 ч. Честиците што го предизвикуваат метеорскиот дожд Персеиди се исфрлени од кометата 109П/Свифт Татл. Оваа комета последен перихел (приближување до Сонцето) било во 1992, но кометата била без некоја голема активност или сјај за да била набљудувана со голо око, појаснуваат од астрономското друштво.

Персеидите се движат со 200.000 км/ч во однос на Земјата, односно Земјата орбитира околу Сонцето со 110.000 км/ч и радијалната брзина на Персеидите во однос на еклиптиката е околу 90.000 км/ч.