Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Една од најпознатите таблети против болки кои сите ги користиме е Парацетамол, достапна во многу комбинации. Се користи за намалување на телесната температура и на симптомите на настинката и грипот.
Сепак, мора да сте внимателни, затоа што новите истражувања покажуваат дека прекумерното консумирање на оваа таблета може да биде фатално за функционирањето на црниот дроб.
Парацетамол таблетата за прв пат почнала да се продава во 1955 година како лек против температура и болки кај децата, а стана мошне популарна благодарение на тоа што нема несакани дејства.
На истражувањето работеле научници од универзитети во Единбург, Осло и шкотската национална служба за трансфузија. Истражувањата покажуваат дека овој аналгетик предизвикува оштетување на црниот дроб на ниво на цироза и хепатитис. Сметаат дека прекумерната употреба на овој лек е главна причина на акутно воспаление на црниот дроб во западниот свет.
Истражувањето се вршело врз клетки од црн дроб, при што истражувачите откриле дека прекумерната консумација на Парацетамол може да ги оштети виталните структурни врски помеѓу соседните клетки во ткивото на црниот дроб. Кога ќе се нарушат тие врски, кои се многу силни, структурата на црниот дроб се оштетува и на тој начин органот не може нормално да функционира. Токму поради овие нарушувања се јавува хепатит, цироза и рак.
„За повеќето луѓе ширум светот, Paracetamol е вистинскиот избор, бидејќи е евтин и делотворен. Сепак, оштетувањето на црниот дроб предизвикано од лековите е важен клинички проблем и предизвик за развој на безбедни лекови. Резултатите на нашите студии ја зголемуваат потребата за разумна употреба на Paracetamol и може да помогнат да откриеме како да ја спречиме штетата од негово користење“, изјави д-р Леонард Нелсон, коавтор на истражувањето.
Луѓето често на своја рака го земаат овој лек и сметаат дека не е проблем ако земат неколку таблети повеќе од препорачаната дневна доза. Следниот пат кога ќе почнете да пиете Paracetamol, добро размислете за ова.