Не бе, ова САМО во Македонија: Сопругата од градоначалникот на Шутка – претседател на општинскиот совет во Шутка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако минатата година од функцијата претседател на општинскиот совет на Шуто Оризари бил разрешен Ѓеѓе Демировски, на таа позиција дошла невенчаната сопруга на градоначалникот на скопско Шутка, Курто Дудуш, Фатима Османовска, пренесува Плусинфо.

Демировски останал само советник, но ни таа функција не ја задржал долго бидејќи и од неа бил разрешен. На негово место како советничка во Советот на Шуто Оризари влегла следната кандидатка од листата односно Сунита Сали чиј сопруг, Измир Сали, исто така, е советник.

 Ваквите промени во составот на општинскиот совет кои се случиле за нецели шест месеци по промената на локалната власт ги потврдува и Демировски.

– Во дворното место од амбулантата во Шуто Оризари му се дозволи на еден човек да гради, јас бев против тоа и сметам дека затоа сум разрешен од претседател. Потоа, сметам дека од советник ме разрешија затоа што бев против барањето мито од граѓаните во областа на урбанизмот без разлика дали тие се Роми, Албанци, Македонци – раскажува Демировски за Плусинфо, тврдејќи дека се противел на митото и корупцијата кои биле присутни и евидентни во локалната власт во Шуто Оризари.

По објавувањето на текстот од Општината Шуто Оризари ги контактирале во споменатиот медиум и посочиле дека Ѓеѓе Демировски бил разрешен како што налагаат законските прописи, во инспекција биле и од Министерството за локална самоуправа, провериле, но не пронашле никакви нерегуларности.

Оттаму, нагласуваат дека советничката Фатима Османовска која била назначена за претседателка на Советот на местото на Демировски, е најсоодветната личност која можела да застане на чело на Советот поради нејзиното образование и десетгодишното искуство во невладиниот сектор.