Не, ова не е Ким Кардашијан – оваа Црногорка ја следат 5 милиони луѓе!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Откако се појави на светската јавна сцена Ким Кардашијан секојдневно добива по една нова двојничка која обично нема никаква сличност со неа. Меѓутоа, оваа девојка и тоа како личи на познатата старлета, а родена е во Црна Гора.

Нејзиното име е Амра Олевиќ, има 29 години, блогерка е и мејк-ап стручњак, а на Инстаграм ја следат 5,3 милиони луѓе.

Таа инаку има соработувано со Ким, а на фотографиите јасно се гледа дека се сминка и се облекува слично како најпознатата светска старлета.

Амра е родена во Црна Гора, а пред да замине во Америка живеела во Босна и Херцеговина. Од факултетот брзо се откажала, бидејќи како што вели учењето никогаш не ја интересирало.

Еве како изгледа оваа Инстаграм ѕвезда!