Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Вирално видео кое се шири на социјалните мрежи, направено во Бруклин (Њу Јорк), пренесува сцени кои како да се дел од некоја сцена на акционен филм, но всушност станува збор за сурова реалност. На снмимката се гледа како возачот на Hyundai Sonata во филмски елемент бега од полициската патрола.
Имено, како што пренесуваат локалните медиуми, полицијата забележала бела Соната паркирана во зоната каде е забрането паркирање со три лица во неа. Тие се приближиле до автомобилот и почувствувале мирис на марихуана и му наредиле на возачот да излезе од автомобилот.
Возачот (29) излегол од Hyundai-то, но потоа совозачот скокнал на возачкото седиште и го фатил воланот, пренесува New York Post.
Полицаецот веднаш дејствувал и испукал двапати кон младиот човек кој не бил смирен и продолжил да го притиска гасот на Хјундаи, удирајќи во задниот дел од паркираниот автомобил и од страната на паркираното полициско возило.
Она што следеше не се гледа секој ден, со многу сила Хјундаи се „качи“ на полициското возило и со две тркала во воздух и две на асфалт го премина предниот дел и излезе од „блокадата“.
Кога повторно се нашол на асфалтот, едноставно се оддалечил од местото на инцидентот.
Полицијата набрзо ја пронашла Сонатата на три блока подалеку , но возачот побегнал. Кај 29-годишникот, кој првично бил запрен од полицијата, констатирале лажни кредитни картички и уред за нивно скенирање и кривично е пријавен. Уапсен е и пуштен со кауција, а мажот кој побегнал пеш е уапсен и ќе му се суди по повеќе обвиненија.