Не, ова не е авион, ова е луксузен апартман со крила


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред нешто повеќе од една година, Etihad го модифицираше декоративниот елемент на нивните авиони. А првиот авион кој доби нови етикети беше Airbus A380s, кој наместо знамето и грбот од Обединетите Арапски Емирати, доби декоративна триаголна апликација на неговата задница.

Airbus A380s е ѕвер од авион на две нивоа, со седишта распоредени во четири класи: економска, бизнис, прва класа и апартманска класа. Вторите две класи, како полуксузни места, се лоцирани на вториот кат од авионот.

Апартман за двајца лоциран десно од скалилата кои водат на горниот кат зафаќа површина од 12 квадратни метри и има три помали простории – дневна, која е комбинирана со трпезариски дел и мини кино, потоа спална и бања со туш и тоалет. За патниците во овие апартмани се грижи персонал кој има поминато специјална обука во лондонскиот Savoy хотел.

Патувањето со сместување во овие простории од Абу Даби до Лондон чини околу 21.000 долари, а авио-билетите се виртуелно продадени една година однапред.

Апартманот за патници од првата класа е нешто помал и „поедноставен“, сместен на површина од 5 квадратни метри. Лет од Абу Даби до Лондон во оваа класа чини од 8.400 до 9.800 долари.

Има посебен простор и за одмор на екипажот и стјуардесниот персонал.