Не очекува летен вторник


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сончево и топло време, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, вели вторничката временска прогноза за Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Максималните дневни температури ќе се движат од 26 до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната температура до 34 степени.

Утре преку денот ќе има изолирана појава на нестабилност, претежно во планинските подрачја. Во петок кон крајот на денот и во сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Во недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.