Не „не купувајте“, НЕ ПРОДАВАЈТЕ Ferrari на старо – нив тоа ги чинеше 5,8 милиони долари


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во 2016 година, американскиот граѓанин Хамид Адели купил модел на Ferrari F 430 на старо, произведен во 2007 година, од еден салон за автомобили на Mercedes во американската држава Арканзас.

Адели воопшто не се мислел да одвои 90.000 долари, колку што била цената на автомобилот во споменатиот салон, без воопшто да го види и провери, не сомневајќи се во ништо спорно околу него. Со купениот Ferrari F 430 му следувало и клаузула за гаранција дека автомобилот е во совршена состојба. Но, откако му бил испорачан автомобилот во Ферфакс, Вирџинија, почнале проблемите со новиот автомобилски миленик купен на старо.

Адели го однел автомобилот во сервис на Ferrari, каде утврдиле бројни дефекти. Истите пропусти ги утврдил и експерт за Ferrari пред да биде продаден автомобилот. Адели, налутен отишол во салонот , но таму му рејкле дека поголем број од проблемите се веќе решени, а и дека станувалио збор за автомобил стар десет години.

На тоа Американецот покренува обвинение и започнал судски спор против автомобилскиот салон.

Судот досудил во корист на потрошувачот , така што салонот ќе плати не само за поправка на секој од деловите, туку и ќе му исплати на Адели обесштетување во износ од 5,8 милиони долари.

Од салонот сега најавуваат жалба со тврдење дека може да платат само 27.340 долари, но Адели е сигурен дека правдата е на негова страна.