Не, не е телефонски кабел и чини скоро 2.000 евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Модните додатоци со необичен изглед не се новост во виската мода, но апаратите за домаќинство ретко послужуваат како инспирација за накит. Затоа ѓерданот од луксузниот бренд „Bottega Veneta“ кој многу потсетува на спирален телефонски кабел привлече многу внимание на интернет.

Ѓерданот може да се нарача преку онлајн продавницата на овој бренд во Јапонија, а чини 247.000 јени, односно околу 1950 евра.

Во понудата е и прстен кој чини околу 459 евра и обетки кои чинат околу 737 евра.