Не, не е поларна мечка: Погодете кое животно е ова


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Рејчел Лин МекГинис, сопственичка на салон за средување на кучиња, своето милениче, пудлата Бижу, ја претвори во изгледот како поларна мечка.

Ова не е прв пат Бижу да биде средено во „фризурата“ за да изгледа како друго животно. Досега таа била и пони коњче, змеј, па дури и паун, но овој пат толку добро беше изведена трансформацијата, што голем дел од публиката на социјалните мрежи беше убедена дека станува збор за вистинска поларна мечка.

„Некој ми пиша дека сериозни мислел оти станува збор за мечка. Неверојатно колку реалистично изгледа и на сликите и во живо“, изјави Рејчел за Metro.

Таа откри дека за оваа трансформација на Бижу користела голема количина на лак за коса.

„Само за формирањето на крзното беа потребни 30 минути, но за нејзините влакна да израснат до должината потребна за оваа преобразба беа потребни 11 месеци“, откри сопственичката.