Не најдоа заедничко решени за платите, продолжува штрајкот на машинистите во Македонски железници


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Вработените и менаџментот на Македонски железници не се договорија за барањата на железничарите. Машиновозачите бараат коефициентот на плата од 2,7 да се покачи на три отсто. Тоа би значело платата со сите додатоци да им изнесува над 30 илјади денари. Но менаџментот на ова државно претпријатие заедно со Министерството за транспорт и врски сметаат дека тој коефициент е превисок.

Додатоците кое е прво барање, работа во недела, ноќна работа со што коефициентот односно процентот им се изедначува како во МВР, во одбрана, а вториот дел се однесува исклучиво на коефициентот зголемување на коефициент на плата од 2,7, решението е 2,85. Мислам дека сериозно треба да го разгледаат овој даден предлог и треба да го прифатат, изјави Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски.

Машиновозачите пак, кои се околу 100 од сите 3.000 вработени во железницата, велат дека додека не ги добијат бараните три отсто коефициент на плата нема да се вратат на работните места.

За коефициентите сe уште се преговара, односно не е прифатено. Блокадата, односно протестите продолжуваат и ќе траат се до исполнувања на барањата, изјави Душко Чакаровски, претседател на синдикат на машиновозачите

Директорот на МЖ Транспорт, Игор Коруновски, вели дека тој и Управниот одбор нема да дозволат само една категорија на вработени во Македонски железници за само еден месец да добијат двојно зголемување на платата.

Со секое неработење се доведува во прашање исплатата на платите на три илјади вработени. Предлогот кој го дадовме е максимално конструктивен во надминување на проблемот и отпочнување на работните активности и борба со останати предизвици кои следат. Уценувачки и тенденциозни барања кои во моментов финансиски компанијата не може да ги издржи е тенденциозно, изјави Игор Коруновски, генерален директор на Македонски железници

Коруновски вели дека штрајкот е нелегален и спротивен на Закон за железнички систем. Тој вели дека ќе се преземаат сите правни дејства за да ја заштитат компанијата. Инаку во еден ден низ земјава транзитираат околу десетина товарни возови, додека во патничкиот сообраќај има околу 17 патнички возови од кои најголем дел се од Скопје кон Велес и обратно.