Advertisements
Актуелно

Не му дозволиле да гледа за кого ќе гласа сопругата, па ѝ го искинал гласачкото ливче

Кавадарчанец го скинал гласачкото ливче на својата сопруга  и за малку ќе ја искршел и гласачката кутија.

Сопругот гласал, па отишол кај сопругата, додека таа била зад параванот со намера да си го исполни своето граѓанско право. Тогаш бил предупреден дека не смее да стои заедно со неа зад параванот. Се развикал, го земал нејзиното ливче и го искинал. Кога тргнал накај гласачката кутија, поради страв да не ја искрши, била повикана полиција. Гласањето било во прекин околу половина час, а потоа продолжило без проблем.

Претседателот на општинската  изборна комисија Кавадарци Зоран Костов  потврди дека имало прекин од половина час на гласачко место. Се работело за нервозен човек кој направил испад, се заканил дека ќе ја скрши и гласачката кутија. Избирачкиот одбор соодветно реагирал, па откако скинал едно ливче го одвратиле од намерара да ја скрши и кутијата.

Заминал револтиран и го фрлил ливчето во канта за отпадоци, кое подоцна го нашла полицијата. По прекинот од половина час, гласањето продолжило без проблеми.

Advertisements
To Top