Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вчера рано наутро, грчкиот остров Закинтос повторно беше погоден од два земјотреса со јачина од 4,4 и 5 степени според Рихтер. Грчката геолошка служба не пренесоа за појава на никаква штета.
Земјотресите се забележани со разлика од седум минути, во 5.11 и 5.18 часот, со епицентар на 78 километри јужно од Закинтос на длабочина од 10 километри, односно 59 киломтери југозападно од островот на 7 километри длабочина.
На 26 октомври Закинтос го погоди земјотрес од 6,4 степени и од тогаш до сега имало 21 потрес, од кој најмалиот бил со јачина од 4 степени, а најсилниот 5,5 според Рихтер.