„Не можев ни детето да си го сакам после тоа“: Сведоштво на жена врз која експериментирал монструмот Менгеле


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Докторот Јозеф Менгеле е еден од најозлогласените ликови поврзани со концентрациониот логор во Аушвиц и еден од најголемите монструми од нацистичката елита на Адолф Хитлер.

Оние кои ги преживеале неговите застрашувачки експерименти и тортура, последици од нив сносат и страдаат и ден-денес, а неговото семејство одбива да се соочи со минатото.

„Не можам да се сетам на неговото лице, само неговите прецизно чисти чизми. Кога ќе ги слушнам стапките, ќе се скриев под дрвениот кревет, ќе се смалував, ги затворав очите. Мислев дека тој нема да ме најде”, раскажува Лидија Максимович, една од жртвите на Јозеф Менгеле за DW.

Како 3-годишно девојче, таа била донесена во логорот Аушвиц-Биркенау во декември 1943 година. Германците го довеле нејзиното семејство од областа Минск на Белорусија во овој нацистички концентрационен логор.

Сцените што ги видела откако пристигнала во логорот не се заборавени до денес. Било среде ноќ, патот бил осветлен од рефлектори, членовите на СС викале, кучињата лаеле. Семејствата биле брутално одвоени. И Лидија била одвоена од нејзината мајка и сместена во барака за бебиња. Малата Лидија не можела да се скрие од Менгеле. Тој на неа ги тестирал вакцините. По безброј инјекции, таа била повеќе мртва отколку жива. Кога мајка и се скрила во бараката за да и даде храна, го нашла своето дете во несвест, како лежи на дрвен кревет со висока температура.

Историчарите претпоставуваат дека Менгеле бил „бескрајно циничен“ и затоа можел своите жртви да ги смета за „веќе мртов материјал“ , а не за луѓе.

Во јануари 1945 година, непосредно пред Црвената армија да стигне до Аушвиц, Менгел избегал на запад. Тој се криел под лажно име во близина на Гинсбург и во 1949 година избегал во Јужна Америка.

На нацистичкиот криминалец за кого била распишана меѓународна потерница му помогнало неговото семејство. Јозеф Менгеле загинал во 1979 година во несреќа при капење во Бразил. Семејството ја криело неговата смрт долго време, а вистината ја објавиле дури во 1985 година.

На 27 јануари 1945 година, Лидија го доживеала влегувањето на Црвената армија во логорот. „По ослободувањето имало 160 деца во касарната на возраст меѓу две и 16 години. 200 000 деца се убиени во Аушвиц-Бирканау.

По војната, Лидија ја посвоила полско семејство. Нејзината мајка долго време се сметала за мртва. По многу години, мајката и детето повторно се нашле.

Сепак , остана стравот од д-р Менгеле. Кога си играла со другите деца, Лидија ги предупредувала: „Не викајте толку гласно, во спротивно ќе дојдат Германците“.

По војната, Лидија Максимович станала хемичарка, се омажила, основала своја компанија. Но, престојот во логорот имал трајни последици: „Не можев вистински да сакам. Не можев да го сакам ниту сопственото дете како што треба да сака една мајка“, вели Лидија Максимович.