„Не можеше да го издржи притисокот“: Дали славниот диџеј Авичи се самоуби?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Членовите на семејството од планетарно популарниот диџеј Авичи се обратија во јавноста со соопштение во кое се наведува како тој „ не можел повеќе да издржи и дека сакал мир и спокој“. Тоа беше доволно интригантна изјава која иницираше шпекулации и претпоставки во јавноста дека диџејот извршил самоубиство.

Авичи имаше само 28 години кога беше пронајден мртов во Оман на 20. април, а неговата смрт го шокираше светот. Се нагаѓаа како Авичи починал поради здравствени проблеми, а неговото семејство изнесе сосема поинаква приказна со што ги растажи фановите ширум светот и предизвика нови сомнежи во врска со неговата ненадејна смрт.

Иако причината на смртта не е откриена, родителите на Авичи соопштија во четвртокот дека Тим „ не бил создаден за машинеријата во која заврши тој“.

– Нашиот сакан Тим беше трагач, нежна уметничка душа која секогаш бараше одговори на прашањата од егизстенцијална важност. Беше перфекционист кој постигнуваше се, кој патуваше, но пребрзото темпо го доведе до екстремен стрес, стои во соопштението од родителите.

– Кога заврши турнејата сакаше да го пронајде животниот баланс за да се чувствува добро и да го прави тоа што најмногу го сака, а тоа е музиката. Навистина се бореше со прашањата за живот и за среќа. Тим не беше подготвен за машинеријата во која се затекна. Беше чувствително момче кое ги сакаше своите фанови, но не и да биде во центарот на вниманието. Тим секогаш ќе те сакаме и секогаш ќе ни недостасуваш. Ти и твојата музика вечно ќе живее со нас, се наведува во писмото на родителите на Тим.