Не може да го препознае ни сопствената сопруга


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Нема да кријам, уште не сум се навикнала дека е капитен на Милан, а мислам дека не е навикнат ни тој на истиот факт“, вели Мартина Бонучи.

Сопругата на Леонардо Бонучи вели дека нејзиниот партнер не го напуштил Јувентус поради кавга со тренерот Алегри, како и дека за неа е чудно да го види како капитен на Милан.

Дефанзивецот јавно се конфронтираше со тренерот минатата сезона, а овој за казна го исфрли од тимот пред мечот од Лигата на шампионите со Порто. Потоа Бонучи премина во Милан за 40 милиони евра, а неговата сопруга вели дека тоа не е поради тренерот.

„Не го направи тоа поради конфликтот со Алегри. Во професионалниот однос, мислам дека балансот помеѓу сите три страни најважен. Леонардо реши да си замине бидејќи му здосади средината, а сега е мирен бидејќи започна нова авантура“, вели Мартина Бонучи.

На прашањто како се чувствува кога ќе го види со капитенската лента на Милан околу раката, госпоѓа Бонучи вели:

„Нема да кријам, не сум уште навикната на тоа, а мислам дека не е ни тој. Сам избра да премине во Милан, а јас бев до него како секоја добра сопруга“.

На крајот, вели дека сепак ја смирило тоа што нејзиниот сопруг преминал на Сан Сиро од една проста причина.

„Веќе нема да има дерби во семејството (нивниот петгодишен син е посветен навивач на Торино и голем фан на Андреа Белоти). Понекогаш Леонардо и Андреа ќе се сретнат во центарот на Торино и тоа е тоа“, открива Мартина.