„Не ми пречи што мојата девојка се секса со други фраери – тоа ѝ е работа“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дали некој од вас, момци, може да се замисли во врска со порно актерка? Сексот веројатно би бил фантастичен, но дали ќе ги надминете стереотипните сфаќања и ставови на општеството за да можете без проблем да кажете со што се занимава вашата девојка?

Токму во таква ситуација се најде Мајк Адкинс кој веќе четири години е во врска со порно ѕвездата Али Хејз, која меѓу другото, е една од ѕвездите и во порно пародијата на „Војна на ѕвездите“.

Мајк и Али се запознале пред неколку години преку заеднички пријател, а денес се во сериозна врска и заедно живеат во Лас Вегас.

A post shared by Allie Haze (@itsalliehaze) on

Мајк тврди дека не е љубоморен на големиот број секс партнери на неговата девојка, бидејќи за неа тоа е само работна обврска.

„Не ми пречи што се секса со други мажи сè додека станува збор за работен ангажман. Да го прави тоа во приватниот живот, секако дека ќе ми пречи. Некогаш не сум баш пресреќен поради улогите кои ѝ ги нудат, но на крајот од денот ја гледам само како личност“, признава Мајк.

A post shared by Allie Haze (@itsalliehaze) on

Признава дека дознал со што се занимава дури кога се запознале и дека таа информација по малку го шокирала, но подоцна тоа му станало интересно.

„Не присуствувам на снимањата ниту ги гледам нејзините снимки, едноставно немам потреба од тоа, имајќи во предвид дека ја имам крај себе. Никогаш не сум се чувствувал преплашен бидејќи се сексам со порно ѕвезда. Но, морам да признаам дека таа е една од подобрите секс партнерки со кои сум бил“, објаснува тој.

Најтешко, сепак, му било да ѝ признае на неговата мајка со што се занимава неговата избраничка, но тврди дека сета таа ситуација поминала многу подобро од очекуваното.

„Мама тоа го поднесе прилично добро. Ми рече: Фала богу, си реков ќе ми кажеш дека е трудна“, се потсетува Мајк.

Али со порнографија се занимава веќе осум години и има снимено над 350 сцени. Досега главно била во љубовни врски со мажи надвор од порно индустријата, а за својата работа тврди дека ја сака и не планира да ја напушти во скоро време.