Не јадете брзо – еве ги причините и аргументите за тоа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новото истражување поврзано со исхраната покажа не е важно само она што го внесувате во телото, туку и брзината со која што тоа го правите.

Јапонски истражувачи следеле 1083 возрасни личности во период од 5 години, кои биле поделени во 3 категории според брзината на јадење: бавно, нормално и брзо.

Тие пополниле прашалник на почетокот на студијата преку кој ги споделиле начинот на исхрана, физичката активност и медицинската историја.

Во почетокот, никој од доброволците немал метаболички синдром – најмалку три ризични фактори во кои спаѓаат абдоминалната дебелина, низок „добар“ HDL холестерол, високи триглицериди, висок крвен притисок и шеќер во крвта.

Кога учесниците биле повторно испитани 5 години подоцна, 84 од нив биле дијагностицирани со метаболички синдром, а брзината со која што јаделе многу влијаела на тоа.

Оние кои најбрзо јаделе имале 89% поголеми шанси да го развијат овој синдром отколку оние кои јаделе нормално или бавно. Само 2.3% од оние кои јаделе бавно ја добиле оваа дијагноза, во споредба со 11.6% од „брзите јадачи“.

Но, тоа не е сè. Оние кои јаделе брзо имале поголемо зголемување на тежината, поголема половина и повисок крвен притисок во споредба со останатите. Причината за тоа е што кога јадеме бргу, на телото не му се дава шанса да ни сигнализира дека сме сити и дека треба да запреме, што доведува до прејадување и поголема флуктуација на гликозата, што може да предизвика инсулинска отпорност.

Прелиминарни истражувања во други студии сугерирале и дека подолгото џвакање на храната согорува повеќе калории – и до 1000 дополнителни секој месец