Не ја потценувајте настинката – може трајно да ви го ослаби срцето

young female blowing her nose

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако многу луѓе не ги сфаќаат најсериозно настинката и другите респираторни вирусни инфекции, тие здравствени заболувања можат да предизвикаат низа далеку посериозни болести како ревматизам, алергиски компликации, слабеење на срцето и слично.

Настинката секогаш оди во пакет со ослабен имунитет и таа комбинација по правило предизвикува појава на бактерии. Тие се главната причина што обично вирусно воспаление може да се комплицира и да се добие инфекција на увото, хронично синусно воспаление, продолжена кашлица, пневмонија.

Респираторните инфекции, а пред сè, грипот, неколкупати ја зголемуваат опасноста од појава на срцева слабост. Ако симптомите продолжат и по три-четири дена или ако се влошат во смисла на тешкотии при дишењето, болка во градите или папсаност, потребна е лекарска помош.

Знаци што покажуваат значителни оштетувања на срцето се болка во градите, неправилно чукање на срцето, слабост, отекување на нозете или неспособност да се лежи на рамно. Доколку одредено сериозно воспаление на срцето не е откриено навреме и не се лекува на соодветен начин, доаѓа до трајно оштетување на срцето во смисла на хронична срцева слабост, па дури и фатален исход.