Advertisements
Славни

Не изгледа добро: Бритни Спирс излезе од психијатриската болница

На почетокот од овој месец, своевремено планетарно популарната поп пејачка Бритни Спирс на сопствена иницијатива се смести во психијатриска болница за психолошки третман.

Спирс се реши на ваков чекот откако на нејзиниот татко, со кого била многу блиска, му се искомплицира и така тешката здравствена состојба. На крајот на тринеделниот престој, Бритни излезе од клиниката за Велигден, а денот го помина со нејзиното момче Сем Асгари.

Бритни по своја волја отиде во клиниката зашто не можеше да издржи кога дозна дека татко и Џејми Спирс е во тешка состојба. Токму нејзиниот татко пред 12 години ја спасил од нервен слом и ѝ помогнал да се врати на сцената. Таа со месеци пие посебен коктел од лекарства, а сега докторите прават приспособување на нејзиниот организам кон нова комбинација на лекови.

Бидејќи имало опасност од самоубиство кај пациентот , докторите морале да јамемнуваат терапијата постепено , пишуваат медиумите.

Бритни беше фотографирана од папараците како со момчето излегува од хотел на Беверли Хилс , а истиот ден се вратила назад на клиниката.

Advertisements

Најпопуларно

To Top