Home Актуелно Не им требаат Швеѓаните: Русите си најдоа „копија“ на ИКЕА

Не им требаат Швеѓаните: Русите си најдоа „копија“ на ИКЕА

Белоруската компанија за производство на мебел, „Swed House “, чии производи изгледаат како оние на шведскиот гигант ИКЕА, ја отвори својата прва продавница во Москва.

Компанијата ИКЕА го суспендираше целото производство и продажба во Русија веднаш откако таа земја започна конфликт со Украина.

„Ние не сме ИКЕА, но имаме намера да бидеме како ИКЕА. Имаме сопствен бренд, наши производи. Да, имаме и производи од ИКЕА. Ги продаваме, а 15 до 20 отсто од нашите производи се оригинални производи на ИКЕА. Никој не ни забрани да го правиме тоа. Производите од нашата „Swed House “ се многу барани“, изјави генералниот директор на „Swed House “ Мамедали Касимов, пренесоа медиумите.

„Swed House“ планира да отвори пет продавници во трговските центри во Москва, пред да се прошири во другите руски региони следната година, додаде Касимов.

ИКЕА накратко ја обнови онлајн продажбата минатото лето, а дел од таа компанија се уште работи во 14 руски мегапродажни центри.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…