Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Портпаролот на пејачката Кети Пери потврди дека популарната вокалистка веќе не е во љубовна врска со актерот Орландо Блум.
„Пред да почнат да се шират гласини и лаги, потврдуваме дека Кети и Орландо веќе не се во врска“, стои во соопштението за јавноста.
Пери и Блум започнаа љубовна романса минатата година, после доделувањето на Златните глобуси, а уште од крајот на минатата година се шпекулираше дека врската им е во криза.
И покрај раскинувањето, актерот и пејачката останаа добри пријатели и заедно во неделата се појавија на забавата после доделувањето на Оскарите.