Не го гледајте сами: Документарец за крвникот според кој настанал терминот „сериски убиец“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од продукцијата Netflix, која стои за снимањето и објавувањето на документарниот филм за еден од најстравичните и најпеколни сериски убијци на сите времиња, Тед Банди, ги предупредуваат гледачите да не го гледаат истиот кога се сами дома.

Банди, чија приказна беше презентирана во документарецот Conversations with a Killer: Ted Bundy Tapes, убил најмалку 30 жени и нападна многу повеќе во 70-те години. За време на неговата потрага настана и терминот „сериски убиец”, пишува Mirror.

Неговите методи биле брутални, а неговото апсење, бегство, понатамошни убиства и конечно неговото погубување предизвикаа големо внимание кај јавноста и инспирирале бројни романи и филмови.

Документарецот на Нетфликс се темели на серија интервјуа со Тед Банди кој неговиот сопствен адвокат го нарече „дефиниција за бездушни злосторства”.

После предупредувањето на Netflix дека не треба сами да го гледате документарецот се јавија гледачите кои веќе го погледнале.

„Барем порано да нè предупредевте, пред да ги изгубам нервите”, „Откако го погледнав овој документарец, никогаш повеќе не сакам да одам некаде сама”, „Дома сум сама цел викенд и веројатно ќе мора да спијам со нож откако одлучив да го гледам овој документарец”, беа дел од коментарите.