НЕ Ѝ ГИНЕ ОТКАЗ: Новинарка на ББС гледаше порничи среде пренос! (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Гледачите на ’Вестите во 10’ на ББС беа прилично изненадени, кога освен информациите од земјата и светот, добија и вистинска порно порција. Водителката Софи Раворт во живо го најавуваше прилогот за победата на Англија над Јужна Африка во крикет, а нејзината колешка во позадина, се забавуваше гледајќи порничи.

За нејзина несреќа, се најде во кадар, веднаш зад рамото на водителката. На прв поглед невоочлива сцена, но колкави се шансите никој од 3.8-те милиони гледачи кои во понеделникот ги гледале Вестите да не го воочат ситниот детал?

Веднаш социјалните мрежи беа преполни со реакции, а иако на почетокот се мислело дека станува збор за акционен филм, набрзо се виделе експлицитни сцени.

„Ова е голем срам за ББС, целосно непрофесионално. Секс сцените не смеат да се најдат во информативна програма. Вработената нема добро да си помине кога шефовите ќе ја повикаат на разговор“, вели извор од телевизијата.

Од ББС велат дека случајот се разгледува, пренесува Дејли Меил.