Не е за тие со слабо срце: Мотоциклист со моторот заврши под шлепер и…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мотоциклистот „влогер“ направи и објави видеоснимка на која се гледа како успеа да избегне сигурна смрт откако влета под еден шлепер во движење.

Ситуацијта е нешто слично како некоја сцена од „Брзи и бесни“, а моторџијата имаше огромна среќа што помина без тешки повреди, а тој денот кога куртули од под шлеперот може да го слави како свој втор роденден.

Мотоциклистот Хами возеше со својот Kawasaki Z1000 на автопат во Калифорнија кога во еден момент управувачот од моторот почна да му се треси, па тој набрзо загуби контрола над мотоциклот, падна и со голема брзина влета под блискиот шлепер во движење и излезе на другата страна.

Тој набрзо понуди и објаснување за несреќата што му се случи: „Видеото почнува кога се вклучувам во сообраќајот и уфрлам во втора брзина на преносот. Прва грешка е што при забрзувањето бев премногу исправен наназад, а кога на тоа ќе го додадете и нерамниот асфалт, предното тркало стана лесно и нестабилно“.

Ако е таа целата вистина, тогаш веројатно се поставува прашањето зошто на снимката брзинометарот е заматен. Како и да е, со оглед на исходот од несреќата, очигледно возел со идеална брзина.