Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Џо Ленон и Ангела веќе пет години се во љубовна врска и во нивната љубовна приказна немаше да има ништо невообичаено, ако возрасната разлика меѓу нив не беше 39 години.
„Кога ќе кажам дека меѓу нас има 39 години разлика никој не ми верува. Сите мислат дека тоa го има само кај познатите пејачи, холивудските филмски ѕвезди и милијардерите.
Но, без разлика што мислите нашата врска не се базира ниту на пари, ниту на секс, туку на љубов, доверба и почит. Дали тоа ви звучи слично како на вашата врска? Јас вистински се надевам дека тоа треба да биде основата на сите врски“.
Џо и Ангела се актери кои се запознале на снимање на еден филм, при што сфатиле дека имаат многу заеднички интереси. Тогаш Ангела имала 21 година, а Џо 60.
„Еден ден таа ми пиша порака и ме покани на вечера. Бев почестен, тоа му годеше на моето его. Млада талнтирана жена беше заинтересирана за мене, па бев воодушевен, но и нервозен. Но, си реков дека една вечера не менува ништо, таа е толку памета и слатка, плус прва ме покани“, раскажува Џо.
„Имавме прекрасна средба, која засекогаш ќе остане врежана во мојот ум“, додава тој. Кратко потоа тие ја започнале нивнат аљубовна романса.
„На почетокот од нашата врска не забележував какви погледи ни упатуваа луѓето, но Ангела го забележуваше тоа. И знаев како изгледа тоа, знаев дека нè осудуваа и кажуваа лоши зборови за нас. Многу пати жени на моја возраст нè гледале шокирано и затресувале со главата“, раскажува Џо.
Тие двајца имаат отворено Youtube канал со наслов „May December Society’, каде отворено зборуваат за проблемите со кои се соочуваат и нудат совети и поддршка на другите парови кои минуваат низ истото.