Не е само Азар, Зидан сака уште една ѕвезда на Челзи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Познато е дека Зинедин Зидан во својот тим ја посакува ѕвездата на Челзи, Еден Азар и веќе ја испратил првата понуда, но англиските медиуми тврдат дека на мета на „кралевите“ се наоѓа уште еден фудбалер на „сините“.

Зинедин Зидан со враќањето на клупата на Реал Мадрид добил гаранции од претседателот околу потезите кои клубот треба да ги влече на трансфер пазарот, а негова најголема желба е сонародникот Нголо Канте.

27-годишниот Канте важи за еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска, иако оваа сезона не се снајдува баш најдобро во формацијата на Маурицио Сари.

Канте одигра многу важна улога во освојувањето на титулите на Лестер и Челзи во Премиер лигата, како и светската титула на Франција.

Зидан смета дека Канте ќе биде идеално засилување за неговиот тим кое ќе му донесе баланс на средината од теренот и нема да жали пари за да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.

Французинот неодамна го продолжи договорот со Челзи до 2022 година, па „кралевите“ сигурно ќе треба добро да го одврзат кесето доколку го сакаат неговиот потпис.